Половина од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ

Состојбата во Македонија е: 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, 42% не ѝ веруваат. Покрај тоа само 50 0тсто веруваат дека Македонија ќе стане земја членка на унијата.

Вкупно 52 проценти од граѓаните на земјите-членки имаат доверба во Европската унија (ЕУ), што е највисоко ниво на доверба од 2007 година, покажува последната анкета на Евробарометар.

Во земјите од Западен Балкан, кои што беа вклучени во оваа анкета, спроведена во март и април 2025 година, довербата во ЕУ е највисока во Црна Гора (83 отсто) и во Албанија, а најниска во Србија (37 отсто).

Состојбата во Македонија е: 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, 42% не ѝ веруваат. Покрај тоа само 50 0тсто веруваат дека Македонија ќе стане земја членка на унијата.

Есенскиот Евробарометар за 2024 година покажа дека 56 проценти од граѓаните на Македонија имаат доверба во Европската Унија. Истото ниво на доверба го делеа тогаш и граѓаните на Босна и Херцеговина.