МВР објави вест поткрепена со неколку фотографии за да информира дека во акцијата „Вози одморно“, денеска полициски службеници им делеле шишиња со вода на патниците кои чекаат во долгите колони на граничните премини Богородица и Дојран, за да влезат во Грција. Како што веќе објави МКД,мк, редиците пред Богородица се километарски и се чека повеќе од два часа за да се поминат граничните формалности на македонска и грчка страна.
Полицајци им делат вода на патниците во километарските редици кон Грција и им велат да возат одморени
„Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки Богородица и Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки Стар Дорјан ,претставници од Фронтекс во рамки на оперативниот план Безбедно лето 2023, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото ‘Вози одморен’.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнаа на граничниот премин Богородица и граничниот премини Стар Дорјан им беше укажано за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, како и за потребата од пауза на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени шишиња со вода за освежување“, се вели во соопштението.