Полицијата фати битолчанка како нуди сексуални услуги

Битолската полиција во неделата околу 21:30 часот ја затекнала Е.А.(34) од Битола како нуди сексуални услуги на Градското шеталиште, во период кога имало голем број шетачи.

Откако полицијата го констатирала тоа, го документирала случајот и против неа поднесла соодветен поднесок.