Полицијата казни 154 скопјани

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, информираа од МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…

Од МВР велат дека ќе продолжат со сообраќајните контроли.