Полицијата ги чува општинските згради на северот на Косово

По вчерашните судири меѓу граѓаните и полицијата пред зградите на општинската управа во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, утрово е мирно, јавуваат српските медиуми.

И ноќта помина без инциденти, а силни сили на косовската полиција дежураа цела ноќ.

Иако имаше информации дека поради враќањето на голем број граѓани од северот на Косово кои беа на митингот на СНС во Белград, може да има нови инциденти, ништо не се случи.

Билансот на вчерашниот конфликт, од кој најголемиот беше во Звечан, а потоа попладнето во Лепосавиќ, е десет повредени граѓани, како и неколку полицајци, како што соопшти косовската полиција.

Новите градоначалници кои се од редовите на албанските партии бидејќи Србите ги бојкотираа последните избори, како што стојат работите, во наредниот период ќе ги извршуваат функциите исклучиво придружувани од полициски сили со долги цевки и оклопни возила.