
Урош Пашајлиќ (38) од петокот е во бегство поради сомнение за сторени кривични дела семејно насилство, запуштање и злоупотреба на малолетно лице и повреда на семејните обврски, а МВР на Србија ги замолува граѓаните доколку го видат или препознаат Урош од фотографиите, веднаш да ја извести полицијата.
Тој е во бегство од петокот кога неговата партнерка Ивана Л.(45) го пријавила за насилство врз неа и неговата осумгодишна ќерка.
Семејното насилство што беше откриено во понеделникот ја шокираше Србија и регионот. Ивана Л.(45) дошла во полициската станица Палилула да пријави семејно насилство, а во полиција открила дека нејзиниот невенчан сопруг Урош П. (38), ја држел заклучена осумгодишната ќерка со години.
Соседите откриле дека таткото на девојчето нема пријатели, а на прозорецот од станот биле истакнати весници за никој од улицата да не може да погледне и да види што се случува.