Полицијата во домот на партиски активист нашла пари за наводен изборен поткуп

„Денеска во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ.

Полицијата рано утрово упаднала во домот на партиски активист во Велешко, кај кого се најдени пари кои наводно требало да ги даде како изборен поткуп.

„Денеска во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ.

При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и еден мобилен телефон. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.