
Полицајка во Сплит уби ограбувач на банка
Околу пладне е ограбена експозитура на Ерсте банка во Сплит. Сѐ уште нема официјални информации како точно се случило, но според полицајка го убила разбојникот откако тој пукал во неа.
Околу пладне е ограбена експозитура на Ерсте банка во Сплит. Сѐ уште нема официјални информации како точно се случило, но според полицајка го убила разбојникот откако тој пукал во неа.
Според очевидци, маскиран маж влегол во банката и под закана со пиштол побарал пари. Чувар се обидел да го спречи, па разбојникот избегал од банката.
Според информации на Индекс.хр,на местото случајно се нашле две полицајки, а разбојникот пукал во нив додека бегал. Тие возвратиле со најмалку осум куршуми.
Разбојникот бил застрелан. Набрзо на местото пристигнала брзата помош и се обиделе да го реанимираат, но не успеале.
Полицијата врши увид и ги утврдува сите околности на настанот.