Синдикат на македонска полиција во соопштение до јавноста го прашува министерот Оливер Спасовски зошто се унапредуваат подобни кадри во МВР без да ги исполнат условите кои ги налагаат Законите и систематизацијата.
Се работи случајот со унапредувањето на внуката на актуелниот градоначалник на Општина Чучер Сандево во командир на ПО Мирковци која е актуелна со видеото на социјалните мрежи на кои ја пее „Не може нам нико ништа“ пред специјално изработена торта за унапредувањето додека и дава пари на музиката.
„Со продолжениот серијал избирање само на подобни кадри од тесно партиска и фамилијарна линија ,по унапредувањето на “Внуката” на функционерот – градоначалник на Општина Чучер Сандево, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, уште повеќе ги понижи чесните и искусни професионалци во МВР, од тоа што постави со решение на раководна функција “Командир на Полициско Одделение Мирковци при Свр Скопје”, кое лице се нема стекнато со факултетска диплома односно без да го има исполнето условот од потребно стручно високо образование и кое има само 5 години кариерно стекнат работен стаж.
Го прашуваме Министерот, кој ги менува законските услови во “партиски” особено вака прилагодени за започнатиот серијал унапредувања на блиски соработници и роднини на политички функционери.
Дали исто така може да ни објасни Министерот г-динот Спасовски, кој и ги “среди” на избраната подобна кандидатка, повеќето покренати иницијативи за утврдување на дисциплинска одговорност и покрај тоа што биле архивски заведени од :1.Иницијатива – за потешко кршење на работниот ред и дисциплина 2. Иницијатива- за несоодветен однос од навредување на повисоки раководители, 3. Иницијатива за злоупотреба на службената положба со цел стекнување со корист преку фингирање на прекувремени работни часови, 4.Иницијатива – за постапување спротивно на правилата и прописите итн……и .да не одговара за ниту една сторена повреда односно, кој? ја предложи за награда поради непрофесионалноста и како тоа наместо да биде санкционирана за истата се случи да биде стимулирана со поставување на висока раководна позиција.
Исто така прашуваме кој повисок раководител во МВР и издаде “НАРЕДБА” на претходно вршителката на должност во времетраењето од неколку месеци додека вежбала за функцијата која ја вршела со писмена наредба, а на која сега веќе е со решение на Министерот, да која новопоставена Командирка на ПО Мирковци, истата “бара пари” од полициските службеници и да им врши притисоци како претпоставена за изнуда на “сума од 250 евра”, со изговор од за наводна поправка на службено возило марка Дастер сопственост на МВР, додаваќи при тоа од поради што наводно Министерството немало средства за поправка на службените возила, што е нејасно при потпишан тековен функционален тендер со овластени сервиси.
Бараме од Министерот, да се прекине со секој вид на вознемирувања и вршење на притисоци од страна на поставените подобни раководители, а кои ги вршат врз вработените со цел да се стекнат со корист за себе и друг.
Ги повикуваме и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, со охрабрување, да се ослободат од политичките ‘пранги” со кои се заробени, и непристрасно да го испитаат ова незаконско и непрофесионално постапување, како и да утврдат дали “Командирката” можеби си го купила работно раководно место за симболична сума од 250 евра?, или пак била принудена да одработува за сметка на друг а на штета на вработените за само потоа да добие “награда висока функција”, преку којa во наредниот период со оглед на способноста и ке си може доколку посака и на граѓаните на пример да ги условува, уценува и им врши притисоци све додека не им собере парични средства откако според фактура и ке им одреди кој по колку да и стави во папката која таа си ја чува во дежурната просторија, за можеби наредно да си купи “лцд телевизор” за во новата командирска незаслужена удобна канцеларија.
Затоа ваквите незаконски и непрофесоионални “партиски унапредувања” со кoи и се врши намалување на ефикасноста на професионализмот во министерството, треба веднаш да прекинат, бидејќи и можат да предизвикаат поголемо незадоволство кај полициските службенициа а кое може да влијае при исполнувањето на ефикасноста во поставените задачи и одговорности од поради овој неправеден започнат процес за целосна партизација.
Стоп за Корупцијата и Криминалот, како и партизацијата на Министерството!
За Чест,Правда и Достоен живот
Со почит,
СМП “, стои во соопштението.