Полицаецот кој го симна албанското знаме во Куманово нема вина

Поради сквернавење на македонското и на албанското знаме на крајот на ноември беа уапсени вкупно 17 лица, голем дел од нив малолетници.

Истрагата на Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) за полицаецот од Куманово, кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме, не утврдила дека тој прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамките на полицијата, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Подетално можеме да видиме што е, како е, понатаму“, рече Тошковски.

Поради сквернавење на македонското и на албанското знаме на крајот на ноември беа уапсени вкупно 17 лица, голем дел од нив малолетници.