Покренато кривично дело против јужнокорејскиот претседател поради воведувањето воена состојба

Јужнокорејското обвинителство отвори кривично дело во кое претседателот Јун Сук-јеол е именуван како осомничен бидејќи минатата недела прогласи воена состојба.

Јужнокорејското обвинителство отвори кривично дело во кое претседателот Јун Сук-јеол е именуван како осомничен бидејќи минатата недела прогласи воена состојба.

Ова денеска го објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Јужнокорејскиот претседател на 3 декември прогласи „итна воена состојба“, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, симпатизира со Северна Кореја и го парализира функционирањето на владата преку антидржавни активности. Под притисок на опозицијата и на јавноста после неколку часа воената состојба беше укината.