Познат терминот на одигрување на дуелот Шкендија – Карабах

Пласманот во третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите за македонскиот првак Шкендија значеше и дополнителна обврска

Пласманот во третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите за македонскиот првак Шкендија значеше и дополнителна обврска. Клубот од Тетово донесе одлука првиот натпревар што треба да го игра како домаќин на Националната Арена во Скопје да се игра на 5.август (вторник) со почеток во 20 часот.

Тетовчани ништо не менуваат истиот ден (вторник) и во ист термин (20 часот) ги играа и претходите два натпревара како домаќини со ТНС од Велс и ФЦСБ од Романија.

Реванш дуелот ќе се игра на 12.август во Баку во 18 часот.