Познат српски новинар e уапсен под сомнение дека на протест носел обесена кукла со ликот на Вучиќ

Долгогодишниот новинар и писател Бошко Савковиќ денеска околу пладне е уапсен под сомнение дека синоќа на протестот во Белград носел транспарент со обесена кукла со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој е приведен околу пладне во својот во врска со куклата што се појавила на нивниот транспарент на протестот „Србија против насилството“.

Неговата ќерка Емилија за српските медиуми вели дека се појавиле четворица мажи на нивната врата без налог за апсење и не се легитимирале.

„Се собравме 15 луѓе кај споменикот (на плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време тука и на фотографиите се појави некаква кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Станува збор за кукла која премиерката на Србија ја прикачува на својот твитер-профил. Транспарентот е сè уште кај нас, го гледаме. Го видоа и инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата“ вели таа за дневниот весник „Данас“.

За обесената кукла со ликот на српскиот претседател вчера прва реагираше премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која на својот твитер-профил сподели фотографија од куклата која виси покрај транспарент.

Таа во својата објава, која потоа беше споделена од голем број членови на Српската напредна партија (СНС), јавно праша како да им ја објасни содржината на фотографијата на своите деца.