Познат бизнисмен со тешки повреди е пронајден кај скопското село Орман
Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ – Чедо Радомировиќ доцна вечерва со повреди е пронајден покрај автомобил кај селото Орман и итно пренесен во болница, јави тв21.
Како што јави телевизијата, лицето е пронајдено кај магистралата кај село Орман (општина Ѓорче Петров) во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи.
Полицијата е на терен и врши увид во моментов.