Познато е кои се убиените Срби од Бањска: Телата се предадени на семејствата

Телата на тројцата убиени Срби во Бањска се предадени на семејствата.

Телата на Стефан Недељковиќ од Звечан, како и Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ од Лепосавиќ, кои загинаа во престрелка со косовската полиција во Бањска на 24 месецов денеска им се предадени на семејствата во Институтот за судска медицина во Приштина. На настанот присуствуваа адвокатите на семејството, како и припадници на косовската полиција.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вели дека Европската унија (ЕУ) е многу загрижена поради зајакнувањето на присуството на српската војска долж административната линија со Косово.

НАТО вели дека го зголемува своето присуство во северно Косово како резултат на зголемените тензии со соседна Србија, а САД ја повикаа Србија да ги повлече насобраните воени сили на границата со Косово.