УЕФА денеска и официјално ги објави домаќините на следните две Европски првенства.
Во 2024, како што е познато од порано, европскиот фудбалски собир ќе биде во Германија, а сега се дознаа и домаќините на првенствата во 2028-ма, односно 2032-ра година.
Велика Британија и Ирска ќе бидат домаќини на Европското првенство за пет години од сега. Прифатена е единствената кандидатура на Англија, Шкотска, Северна Ирска, Велс и Ирска и тие ќе ги пречекаат најдобрите 24 европски селекции во 2028-ма година.
Во 2032-ра година имаше две кандидатури, на Италија и на Турција. Двете земји направија компромис и се договорија заеднички да го организираат континенталниот собир, а тоа беше прифатено од УЕФА и официјално Италија и Турција ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2032-ра година.