Познати дел од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти 25 имиња за кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што треба да содржат на есен, но уште нема издефинирано име за градоначалник на Скопје, иако потврдија дека во игра се оние кои цело време се споменуваа: Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода и актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински.

Имињата кои ги соопштија за сигурни кандидати се повеќето познати, односно актуелни градоначалници:

Аеродром – Дејан Митески
Бутел – Дарко Костовски
Ѓорче Петров – Александар Стојковски

Чучер Сандево – Зоран Пајовски
Штип – Иван Јорданов
Велес Марко Колев
Свети Николе – Дејан Владев
Карбинци – Виктор Паунов
Градско – Киро Наков
Кавадаци – Митко Јанчев
Гевгелија – Андон Сарамндов
Зелениково – Коста Маневски
Илинден – Александар Ѓорѓиевски
Конче – Златко Ристов
Делчево – Иван Гоцевски
Ново Село – Ѓорѓи Божинов
Василено – Славе Андонов
Босилово – Ристо Манчев
Берово – Петар Лужински
Петровец – Борче Митески
Битола – Тони Коњановски
Охрид – Кирил Пецаков
Вевчани – Спасе Кочовски
Брвеница – Јовица Илиевски
Јегуновце – Димитар Костадиновски

„Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини 5:1. Сите кандидати ги исполнуваат сите услови за градоначалници. Најголемиот дел од нив се градоначалници кои веќе направиле вистинска трансформација во своите општини, а другите се луѓе кои имаат сила и знаење кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои досега се водени од кадри на СДСМ“, рече Ѓорѓија Сајкоски по завршувањето на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва.