Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.148 тестови, а регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 225, Битола – 24, Прилеп – 23, Кавадарци – 14, Куманово и Велес – по 11, Тетово – 9, Охрид и Кичево – по 6…
Регистрирани сe 391 оздравени пациенти од: Скопје – 209, Кавадарци и Велес – по 22, Битола – 21…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37г. до 89г.
Досега во земјата бројот на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.