Големи пожари на албанскиот остров Сазан, поранешната воен база, каде има опасност од екслозија на муниција.
Пожарникарски единици се обидуваат пожарите да ги стават под контрола, а вклучена е и армијата, но поради високите температури и ветерот гаснењето од копно е невозможно.
„На терен се 61 војник кои заедно со другите структури се обидуваат да ги неутрализираат пламените јазици. Теренот, високите температури и ветерот го отежнуваат тоа. Опасност е и недемонтираната муниција“ – соопштија од албанското Министерството за одбрана.
Претседателот Илир Мета реагираше и побара „целосна ангажираност на структурите на локално и централно ниво за брза локализација и што поитно гаснење на пожарите за да се спречи трагедија на животната средина што се случи минатата година кога во земјата беснееја пожари од север до југ”.
Островот Сазан е најголемиот остров во Албанија.
Тој е сместен меѓу Отрантската врата и влезот во Валонскиот Залив формирајќи ја границата меѓу Јадранско и Јонско Море.