
Вечерва изби голем пожар кај Зелен пазар. Според првичните информации, се запалил автомобилот за потоа да се запали и магацин од маркет.
Противпожарни екипи веќе подолг временски период работат на гаснење на пожарот. Засега не е познато дали станува за подметнат пожар.
Информациите се дека пожарот е локализиран, но се работи на негово целосно гаснење.