Пожар избувна во куќа зад Универзална сала

Пожар избувна денеска во куќа на улицата „Борка Талески“ зад Универзалната сала.

Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски информира дека при гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарни со пет противпожарни возила.

Тој нагласи дека во пожарот што веќе е згаснат нема повредени.