Пожар избувнал во викендичка во која бил Зечевиќ Миле генералниот секретар на СДСДМ во Мавровско Леуново.
Тој за медиумите потврди дека пожарот се случил во неговата викендичка, но не откри повеќе детали околу пожарот.
„Денеска наутро (12.02.2023) околу 06.10 часот, М. З. (51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд-куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал. Повредени лица нема, интервенирала гостиварската Територијална противпожарна единица“, велат од МВР.
Пожарот се случил рано утринава, а го гаснеле гостиварските пожарникари.