Пожар во Чаир: Станари, меѓу нив и 12 деца хоспитализирани поради вдишан чад

Голем пожар утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Триесетина возрасни станари и 12 деца од опожарената заграда во Чаир побарале лекарска помош поради труење со чад потврдуваат од Клиниката за токсикологија и од Детската клиника.

Од Центарот за управување со кризи пренесуваат дека според информациите на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје во периодот од 01:50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на улица „Прохор Пчински“ во Скопје.

– Интервенцијата ја извршувале со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои ко гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир), стои во соопштението од ЦУК.

Дополнуваат дека во тек е интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани.

– БППЗ на Град Скопје сѐ уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци, дополнуваат од ЦУК.