
ЦУК информира дека синоќа околу 22:00 часот се случил пожар во фабриката „Мирана“ во Велес, по што веднаш дејствувале пожарникарите, а пожарот бил локализиран 6 часа подоцна.
„Според информациите добиени од СВР Велес и ТППЕ Велес, пожарот во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, кој бил пријавен во ТППЕ Велес во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот на 04.08.2025 година, е локализиран во 04:00 часот на 05.08.2025 година.
Сѐ уште има слаби чадења на одредени места во фабриката, а за да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се сѐ уште присутни на терен. Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали).
Во гаснењето на пожарот учествувале:
• 3 противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени (точниот број пожарникари не е прецизиран од страна на дежурниот),
• 1 возило од ЈКП „Дервен“,
• 2 специјални пренаменети возила на ДЗС,
• присутни биле и 6 полициски службеници од СВР Велес“, велат од ЦУК.