Пожар во Трговскиот центар во Кочани – заврши со зачадени домови и нов стрес за граѓаните

Доскорешниот в.д. градоначалник на општина Кочани – Венко Крстевски на Фејсбук напиша дека денеска имало пожар во Трговскиот центар во Кочани.

Доскорешниот в.д. градоначалник на општина Кочани – Венко Крстевски на Фејсбук напиша дека денеска имало пожар во Трговскиот центар во Кочани.

„Денеска станарите од Трговски центар станбен блок А (96 станови) повторно имаа среќа што поминаа само со зачадени домови и огромен стрес поради настанување на пожар од угостителски објект“ – пишува меѓу другото Крстевски.

Тој вели „Како и во неколку случаи низ минатото нашата среќа беше што пожарот не се прошири и што имаше брза интервенција на ТППЕ, сега имавме и дополнителна среќа што дистрибутер на роба го затекнал пожарот во кујна, која се наоѓа во посебен објект (што е незаконски), додека во кујната немало никој од персоналот“.

„Ова е последен апел до кочанското обвинителство, до кого е поднесена кривична пријава уште на 10 јуни 2025 година од моја страна поради незаконски активности на угостителските кокошарници“ порача Крстевски.