Во рускиот град Кострома синоќа избувна пожар во кафулето Полигон при што загинаа најмалку 13 лица.
Оваа информација ја соопшти Службата за вонредни состојби. Се сомнева дека еден од гостите користел пиротехнички средства.
Од објектот се евакуирани вкупно 250 гости, како и 15 жители на блиската станбена зграда.
Во гаснењето на пожарот учествувале 50 лица и 20 оперативци, информираат од противпожарната служба.
Претставник на полицијата соопшти дека се трага по гостинот кој употребил пиротехнички пиштол во ресторанот.
Fire engulfs nightclub in Kostroma, Russia, at least 13 reported dead pic.twitter.com/WiiqKe6Okr
— RT (@RT_com) November 5, 2022