
Пожар во психијатриско одделение во Косово, има жртви
Како последица на пожарот што избувна во психијатрија на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, почина еден пациент.
Две медицински сестри и еден лекар се полесно повредени, пренесува Газета експрес.
Смртта на пациентот ја констатирал директорот на психијатрија д-р Фатон Кутловци. Тој изјави дека пациентот и претходно бил лекуван на клиниката.
Причината за пожарот се уште не е позната, но се сомнева дека пациентот го запалил душекот.
Единици на косовската полиција излегле на местото на настанот, додека телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина.