Утринава избил пожар во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно, според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На местото на настанот се упатиле екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита, кои успеале да го изгаснат пожарот со помош на два противпожарни возила и седум пожарникари.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, потврди дека пожарникарите работеле заедно со вработени од ЈП „Паркови и зеленило“.
По гасењето на пожарот, екипите продолжуваат со расчистување на опожарената просторија