Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија

Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Опожарени се една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.

Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле.

Во пожарот е опожарена една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.

Во тек е увид на местото на пожарот.