
Пожар во затвор во Антверпен – евакуирани 114 затвореници, еден хоспитализиран
Пожарот предизвикал значителен чад, но за кусо време бил ставен под контрола по интервенција на локалната противпожарна служба.
Пожар избувна во затвор во белгискиот град Антверпен, поради што од објектот биле евакуирани 114 затвореници.
Затвореникот за кој се верува дека го подметнал пожарот бил пренесен в болница, но во соопштението на Затворската управа не се посочени причините за неговата хоспитализација.
Пожарот предизвикал значителен чад, но за кусо време бил ставен под контрола по интервенција на локалната противпожарна служба.
Затворската служба информира дека пожарот започнал во ќелијата на „затвореник познат по проблеми со менталното здравје“.
– Присутниот персонал беше неповреден и постапи соодветно, се додава во соопштението на Затворската служба по повод пожарот што избувнал вчера доцна попладне.