Попладнево во една од кулите „Џевахир“ избувнал пожар во стан, додека сопствениците не биле дома.
Според информациите, се активирал противпожарниот систем и го изгаснал пожарот.
Интервенирале и пожарникарите.
Засега не се познати причините.
„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.