Пожар во висококатница во Рим, едно лице загина

Пожар избувнал во седумкатница во Рим, која беше во реконструкција денеска попладне, при што загина најмалку едно лице.

Според медиумите, една жена загинала, додека најмалку 17 лица се повредени.

Пожарот во зградата настанал по експлозија, но причината се уште не е позната.