Од непознати причини, утринава избил во болницата „Папаниколау” во Солун, а притоа едно лице го загубило животот.
Противпожарната служба на Грција соопшти дека на вториот кат од болницата било пронајдено безживотното тело на едно лице.
Грчката новинска агенција „АНА-МПА“ извести дека пожарот е во Ковид клиниката, а сериозно се повредени двајца пациенти, додека пак останатите биле евакуирани и пренесени во други делови на болницата.
Во гаснењето на пожарот учествувале 30 пожарникари со 11 возила.