
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во изјава од местото на пожарот вели дека пожарот сѐ уште не изгаснат и покрај делувањето на двата авиони на ДСЗ и хеликоптерот на МВР, а во гаснењето учествуваат пожарникари од Дојран и Валандово и тим на ДСЗ. Во пожарот кај Богданци досега се изгорени повеќе од 500 хектари шума, а огнот поминал низ дел од ветерниците.
Станува збор за нискостеблеста шума. Пожарот според првичните информации поминал низ четири ветерници од ветерниот парк, но како што се соопштува нема штети на нив.
Во гаснење на огнот се вклучени два авиони Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на полицијата.
Пожарот избувнал околу 11 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро.
Попладнево екипи на територијалната противпожарна едница на Битола со неколку возила и пожарникари интервенираат на пожар кај депонијата „Мегленци“ кој се шири кон ридот.
Педесет хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња изгореа во вчерашниот пожар над селото Отовица во близина на велешкото езеро Младост.