Пожарот во Трубарево е целосно под контрола

– Мирисот од пожарот веќе е интензивно намален, го нема оној интензивен препознатлив мирис кој беше на почетокот. Се надевам дека до крајот на денот целосно ќе биде затрупана и целосно обезбедена како депонија, односно нема да има исчадување од неа – изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во одговор на новинарски прашања во Трубарево.

Пожарот кој изби во објект со електронски отпад во Трубарево е целосно под контрола. Покриени се околу 80 проценти од локацијата каде изби пожарот и сега се работи на догасување и проверување дали има остатоци од самото горење.

– Мирисот од пожарот веќе е интензивно намален, го нема оној интензивен препознатлив мирис кој беше на почетокот. Се надевам дека до крајот на денот целосно ќе биде затрупана и целосно обезбедена како депонија, односно нема да има исчадување од неа – изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во одговор на новинарски прашања во Трубарево.

Тој додаде дека станува збор за тежок пожар кој е исто така тежок за гаснење, но дека од професионален аспект може да каже оти интервенцијата е успешна благодарение на координацијата на сите институции.

– Според обемот пожарот имаше зафатено големи параметри. Освен нашите капацитети преку главниот штаб и општините беше ангажирана дополнителна механизација, камиони со кои почнавме да нанесуваме песок за да се спречи ширењето на црниот чад кој се гледаше оддалеку. Некаде во доцните часови пожарот е локлизиран, немаме активно горење, само чадење на локалитетот. На почетокот на наредниот ден дополнителна акција, со ангажирање на дополнителна механизација која што ни помогна во целост да го ставиме пожарот од контрола – рече Томевски.