(Видео) Пожарот во Визбегово се гаси од воздух, ако има потреба ќе се евакуираат жителите, велат од ЦУК

„Како се запали навистина не знам. Сега е пожарот само на едно место, таму каде што се запали. Претходно се ширеше кон нивите, но се локализираше. Сега стигна ’ертрактор’ и веќе исфрли вода“, вели Дудуш.

За справување со пожарот во Визбегово веќе е пуштен „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Воздушната интервенција доаѓа поради ширењето на пожарот кое претставува опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи.

Од ЦУК велат дека на градоначалникот му било укажано доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, во изјава за „360 степени“ вели дека на локацијата не гори депонија туку приватен отпад.

„Како се запали навистина не знам. Сега е пожарот само на едно место, таму каде што се запали. Претходно се ширеше кон нивите, но се локализираше. Сега стигна ’ертрактор’ и веќе исфрли вода“, вели Дудуш.

Тој вели оти ако има потреба ќе се евакуираат жителите.

Од скопската противпожарна бригада утрово рекоа дека на терен интервенираат 12 пожарникари со четири возила и оти на помош се пристигнати цистерни со вода од јавните претпријатија.

Според видеата што се шират на социјалните мрежи, но и од оние што градоначалникот ги испрати за „360 степени“, може да се види дека од пожарот се шири голем црн чад.