Пожарникари со часови се борат со пожарот на пазарот во Сараево

На пазарот „Хеко“ во Сараево денеска избувна пожар, а според последните информации од терен, се чини дека пожарникарите успеале да го стават под контрола пожарот. Сепак, пожарот се уште не е целосно изгаснат, пренесува Кликс.

Како што изјавија за порталот од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево, веднаш по пријавувањето на пожарот, на местото на настанот се испратени сите противпожарни ресури во кантонот Сараево.

Дополнителен проблем за пожарникарите е што на таа локација нема хидрант, па водата мора да се носи со цистерни. Во гаснењето учествуваат и доброволни противпожарни бригади.

„Пожарникарите многу бргу го локализираа пожарот, а сега се работи на целосно гаснење“, велат од Противпожарната бригада.