Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар

Горат отпад и сува трева во близина на Кванташкиот пазар во општина Гази Баба.

Во моментов, на терен се пожарникари со пет противпожарни возила, потврди командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.