Пожарникарите од Плитвичките езера спасија 48 лица завеани во Лика

Вкупно 48 лица се спасени од снежно невреме во Лика синоќа, соопшти денеска Јавната противпожарна служба на Плитвичките езера.

Вкупно 48 лица се спасени од снежно невреме во Лика синоќа, соопшти денеска Јавната противпожарна служба на Плитвичките езера.

Ноќта спроти Божик, пожарникарите извршија напорна спасувачка акција во снегот и снежната бура во областа Кељево Брдо.

Во објава на социјалните мрежи, Јавната противпожарна служба на Плитвичките езера соопшти дека вчера попладне добила полициска пријава дека на подрачјето на Кељево брдо има возила покриени со снег.

Пожарникарите заедно со припадниците на доброволната противпожарна бригада на Плитивичка џезера со возила и пеш се пробиле низ најсилните налети на ветерот и ги згрижиле сите завеани патници.

Вкупно 11 лица, меѓу кои пет деца, биле сместени кај локалното население, додека 35 лица од завеаните возила покриени со снег, пожарникарите пеш ги симнале до Бјелопоље, каде полицијата со комбиња ги пренела до Удбина.