Пожари во Грција – евакуирани се четири села на Пелопонез

Вчера избувна пожар во западниот дел на Пелопонез, а синоќа беа евакуирани жителите на четири села.

Според грчката противпожарна служба, во пожарот се ангажирани 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери.

И денеска е висока опасноста од пожари во повеќе делови на Грција.

За 24 часа, заклучно со синоќа, во земјата се регистрирани 53 шумски пожари.

Во текот на викендот во Грција пристигнаа пожарникари од Романија и Бугарија, дел од европската пилот програмата.

Во периодот јули-август пожарникари од Бугарија, Романија, Германија, Франција, Финска и Норвешка ќе бидат лоцирани и распоредени во Грција за да помогнат во противпожарната заштита.