„Украина не планира да користи ракетни системи што ги доби од САД за да напаѓа цели во Русија“. Ова го изјави претседателскиот советник Михајло Подољак.
„Украина води одбранбена војна и не планира да користи МЛРС за да ги нападне објектите во Русија. Нашите партнери знаат каде се користи нивното оружје” – напиша Подољак на социјалната мрежа Твитер.
Државниот секретар на САД – Ентони Блинкен изјави дека Украина им ветила на САД дека нема да користи напредни американски ракетни системи за напад на руска територија.
„Украинците ни дадоа гаранции дека нема да ги користат овие системи за цели на руска територија. Постои силна доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу другите сојузници и партнери – рече Блинкен.
Подољак изјави и дека војната со Русија може да потрае уште 6 месеци. Тој досега ги процени загубите на Русија на вкупно 80.000 луѓе.