
Подољак: Путин никому не простува!
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски, го прокоментира загинувањето на шефот на платеничката војска Вагнер – Евгениј Пригожин со пораката – Путин никому не му простува.
-Очигледно е дека Путин никому не простува за сопствениот ѕверски терор. Особено не на тој што го помножи со нула во јуни 2023. И го чекаше моментот. Очигледно е и дека Пригожин потпишал специјална смртна потерница за себе во моментот кога поверувал во бизарните „гаранции“ на Лукашенко и во исто толку апсурдниот „чесен збор“ на Путин. Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на Вагнер два месеци по обидот за пуч е сигнал од Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смрт“. Но, тоа е и сигнал за руската војска: Нема да има „херои на СВО“. Ако тоа не е украински трибунал, ќе биде куршум на ФСБ (разузвувачката служба во Русија) – напиша Подољак.
Пораката дојде откако руската државна телевизија потврди дека меѓу загинатите е и Пригожин, бидејќи се шпекулираше дека можеби тој е во вториот авион кој, според некои слетал, а според други кружи се уште над Москва…