Неодамнешната одлука на Украина да го прекине транзитот на руска нафта за Унгарија и Словачка нема никаква врска со уцена, изјави денеска помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.
Подољак рече дека Унгарија и Словачка „не работат на промовирање мир во Украина и инсистираат само на отстапки кон Русија“.
Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно денеска соопшти дека со запирање на испораката на нафта, Украина ги уценува Унгарија и Словачка, бидејќи тие земји се обидуваат да го решат конфликтот по мирен пат.