Подољак: Обраќањето на Путин покажува дека тој изгубил контакт со реалноста

Денешното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во парламентот покажа дека тој изгубил контакт со реалноста, оцени советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.

Во изјава за Ројтерс, тој изјави дека Путин „се наоѓа во сосема поинаква реалност, каде што нема можност да се организира дијалог за правдата и меѓународното право“.

Според неговите зборови, Путин покажува „конфузија“ и „неразбирање на ситуацијата“, што ќе и донесе дополнителни тешкотии на Русија во блиска иднина.