Подољак: Киев нема да прифати договор со Москва што вклучува отстапување на територија!

„Украина денеска ја отфрли можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува отстапување на територија“.

Ова меѓудругото во интервју за „Ројтерс“ го изјави советникот на украинскиот претседател – Михаил Подољак.

Тој вели дека отстапките би и се одмаздиле на Украина, бидејќи Русија ќе возврати уште посилно по секој прекин на борбата.

„Војната нема да заврши ( и покрај какви било отстапки). Само ќе биде ставена на пауза некое време“ -изјави Подољак.

Тој кажа дека Русите по некое време ќе го зајакнат оружјето и персонал и ќе почнат нова офанзива, уште покрвава и пообемна.

Ги отфрли, како многу чудни, повиците на Западот за итен прекин на огнот што ќе ги вклучи руските сили кои ќе останат на територијата што ја окупираа на југот и на истокот на Украина.