СВР Битола соопшти дека во последните месеци на подрачјето во Битолскиот регион се случија голем број пожари на отворен простор, како последица од намерно запалени стрништа.
Тоа што најмногу загрижува е што најголемиот број од нив се намерно предизвикани.
Тому поради тоа од СВР Битола информираат дека во овој период се поднесени осум кривични пријави за намерно предизвикување пожар.
Полициските службеници од криминалистичката полиција во Битола до Основното јавно обвинителство Битола имаат поднесено пет кривични пријави за „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од Кривичен законик, за палење стрништа и тоа против Б.Н.(61) од с.Кукуречани, битолско, Н.М.(75 )од с.Кажани, битолско ,В.В.(54) од с.Лопатица, битолско Д.С.(62) од с.Лознани, битолско и против Х.П.(58) од с.Трново, битолско.
ОВР Крушево има поднесено две кривични пријави против П.З.(70) од с.Свето Митрани, крушевско и Е.Б.(45) од с.Борино, крушевско, а ОВР Прилеп има поднесено кривична пријава против В.Д.(58) од Прилеп, се вели во информацијата на СВР Битола.