Подметнал пожар во Адвокатската комора, предизвикал штета од 150.000 евра, па побегнал од државава
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 41-годишен скопјанец осомничен за подметнување пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на улицата „Методија Шаторов – Шарло“.
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 41-годишен скопјанец осомничен за подметнување пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на улицата „Методија Шаторов – Шарло“.
Против него е покрената постапка за тешки дела против општата сигурност, за кои е предвидена казна според член 292 од Кривичниот законик.
Според обвинителството, на 25 ноември осомничениот со умисла предизвикал пожар од поголем обем, загрозувајќи животи, тела и имот од поголеми размери.
Претходно, тој набавил секира, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин.
Утрината на критичниот ден, маскиран со „фантомка“, скршил врата на просториите на Комората, наредил коцки керозин на скалите, поставил плински боци и ги потпалил.
Пожарот предизвикал значителна штета, проценета на околу 9,255,000 денари. Непосредно по настанот, осомничениот со своето возило ја напуштил земјата преку граничниот премин „Блаце“ и од тогаш е недостапен за органите на прогонот.
Обвинителството побара од Основниот кривичен суд во Скопје да определи мерка притвор за осомничениот, со цел да се спречи ризикот од повторување на делото или влијание врз сведоците. Мерката ќе се примени веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Додека осомничениот е во бегство, по него ќе биде распишана потерница.
Истражните органи остануваат посветени на расветлување на случајот и обезбедување правда.