Поддржувачите на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска формираа човечки синџир пред британскиот парламент, барајќи тој да не биде екстрадиран во САД, објави „Ројтерс“.
Стотици поддржувачи на Асанж, меѓу кои и поранешниот лабуристички лидер Џереми Корбин, формираа човечки синџир што се протегаше од Парламентот, преку Вестминстерскиот мост до другата страна на реката Темза.
Сопругата на Асанж, Стела, рече дека британските власти треба да разговараат со американските власти за да се откажат од барањето за екстрадиција на Асанж. Поддржувачите на Асанж денеска протестираа и пред Министерството за правда во Вашингтон.
Асанж (51), чија екстрадиција ја бараат САД по 18 обвиненија, вклучително и шпионажа и откривање доверливи воени и дипломатски информации.
Неговите поддржувачи веруваат дека Вашингтон го обвини затоа што ја осудува американската политика во конфликтите во Авганистан и Ирак. Адвокатскиот тим на Асанж поднесе жалба до Вишиот суд на Обединетото Кралство против одлуката на Лондон да го екстрадира Асанж во САД. По истиот повод денеска во 50 земји во светот во исто време, во 13 часот, се одржаа протести пред британските амбасади.