Повеќе од 4.000 луѓе присуствуваа на државниот погреб на поранешниот премиер Шинзо Абе во Токио во вторникот, во услови на засилени безбедносни мерки поради силно противење на контроверзната церемонија на лидерот со најдолг стаж во земјата.
Јапонија воведе строги безбедносни мерки во главниот град Токио за денешниот државен погреб на убиениот поранешен премиер Шинзо Абе, на кој присуствуваа бројни странски државници.
Полициската управа соопшти дека ги спроведувала највисоките безбедносни мерки, еднакви на оние за време на Олимпијадата и Параолимпијадата во Токио минатата година, како и кога императорот Нарухито се искачи на тронот во 2019 година.
Државниот погреб на Абе се смета за контроверзен, а во Јапонија предизвика протести кај некои граѓани, пред се поради трошоците за одржување од дури 1,6 милијарди јени, што е околу 11 милиони долари, а голем дел се препишува на безбедносните трошоци.
LIVE: Japan holds state funeral for ex-PM Shinzo Abe https://t.co/Jn7cw5QFmO
— Reuters (@Reuters) September 27, 2022
Противниците на денешната церемонија тврдат дека Абе нема право на државен погреб поради неговото комплицирано политичко наследство.
Абе го изгради својот профил во странство фокусирајќи се на надворешната и безбедносната политика, истовремено продлабочувајќи ги личните врски со светските лидери.
Дома, сепак, мислењата за неговото наследство се поделени по обвинувањата дека ја злоупотребил власта за лична корист.
За време на повоениот период, Јапонија само еднаш одржа државен погреб на поранешен премиер. Честа му беше доделена во 1967 година на поранешниот премиер Шигеру Јошида, кој го предводеше закрепнувањето на земјата од Втората светска војна.
Приватен погреб за Абе беше одржан четири дена откако осамен вооружен маж го застрела за време на предизборниот говор на 8 јули во западниот град Нара. Неговите останки беа кремирани.
Околу 20.000 припадници на полицијата и другите служби обезбедија погреб во Токио.
Меѓу повеќе од 700 високи достоинственици од целиот свет, на погребот присуствуваат американскиот потпретседател Камала Харис, индискиот премиер Нарендра Моди, Австралиецот Ентони Албанес и Канаѓанецот Џастин Трудо.
#UPDATE State funeral for Japan's assassinated former prime minister Shinzo Abe begins, with his widow Akie carrying his ashes into Tokyo's Budokan hall where thousands of mourners have gathered.
Dressed in a black kimono, Akie carried the ashes as a 19-gun salute sounded pic.twitter.com/GfhaYLjSUA
— AFP News Agency (@AFP) September 27, 2022