Погребани трагично загинатиот полицаец и неговата сестра

Србија изминативе денови е завиена во црно поради двата масакри што ја погодија земјата.

Вчера беа погребани десет жртви на два масакри – четворица студенти и работник од обезбедувањето од „Владислав Рибникар“ во Врачар, како и петмина момци кои беа убиени во престрелка во Мали Орашје.

Денеска ќе бидат погребани уште тројца млади кои загинаа во масакрот во Дубона.

Денеска се погребани полицаецот Милан Паниќ и неговата сестра, двете жртви на безумниот напад на Урош Блажиќ кај Младеновац.

Во вечното почивалиште испратен и нивниот пријател.

Потресната сцена пред гробиштата буди само тага, а граѓаните во солзи ги испратија младите луѓе.